April 30, 2010

Ден на Планетата Земја


Првиот Ден на планетата Земја се одржа на 22-ри април, 1970 година. Идејата за името на овој еколошки празник дошол од едноставниот факт дека Earth Day се римува со Birthday. Уште од 1970 година, Денот на планетата Земја стана се повеќе популарен и значаен во светот.

Во чест на роденденот на Земјата, на 22 април, ние имавме интересна активност во градинката "Кочо Рацин": шарено предавање за заштита на природата и рециклирање.

Конференција во Хотел Континентал на 30ти Март

На 30-ти Март 2010 година во Хотел Континентал се одржа воведен состанок за проектот на кој присуствуваа претставници од различни државни институции (МЖСПП, МЗШВ), институти, факултети, претставници на граѓански организации, агенции и други.
Работилницата ја отвори и присутните ги поздрави г-ѓа Лидија Зафировска, државен секретар во МЖСПП, модератор – Мартиен Ланкестер, извршен директор на АВАЛОН, а презентери беа: Марк Редман, проектен лидер, Тамсин Купер, консултант од Институтот за европска политика за животната средина и Робертина Брајаноска од МЕД.
Бидејки конференцијата се одржа на истиот датум со Денот на Дрвото, некои од нас по завршувањето отидоа да посадат дрво.

Повеќе слики...

Тренинг во Велес на тема: Промовирање на земјоделство со високи природни вредности и агро-еколошки плаќања преку граѓанските организации во Македонија

Земјоделството може да биде закана за природата, на пример преку употребата на високо ниво на пестициди и ѓубрива, губење на живеалиштата и нивните карактеристики, несоодветно управување со земјата. Но, одредени видови на земјоделство – на пример: одгледување добиток, традиционални постојани култури – се од суштинско значење за опстанокот на природата. Затоа земјоделство со високи природни вредности (HNV) е земјоделство кое е компатибилно со природата.

Токму на оваа тема од 26-ти до 28-ми март во Хотелот Романтик на Велешкото Езеро се одржа тренинг за претставниците на локалните организации на Движењето. Целта на овој тренинг беше да се обучат локалните организации како и соработниците за аспектите на концептот за високи природни вредности, вклучувајќи ја и политиката за рурален развој од Европската Унија.

Говорниците на овој тренинг беа Тамзин Купер, Марк Редман и Кејли Харт.

Тамзин Купер го претставува HNV Концептот

Марк Редман предава за земјоделството со Високи Природни Вредности во Романија


Презентацијата на Кејли Харт за агро-еколошките плаќања



Проектот се спроведува заеднички од страна на Движењето на екологистите на Македонија - ДЕМ и Центарот за граѓанска иницијатива (ЦГИ), во соработка и со поддршка на две меѓународни невладини организации – Авалон од Холандија и Институтот за европска политика за животната средина (IEEP) од Велика Британија.

Ова е проект за зачувување на природата.....но со разлика!

April 26, 2010

За ДЕМ

Движењето на Екологистите на Македонија - ДЕМ е невладино, непрофитабилно и аполитично здружение. Тоа е национално здружение кое вклучува 23 локални еколошки невладини организации како редовни членови.

ДЕМ е основана во 1990 година како неопходност да ја координира работата на постоечките локални групи. ДЕМ е членка на Пријателите на Планетата Земја (FoEI), CEEWEB, YEE, и CPM. Исто така, ДЕМ има добра соработка и комуникација со невладините организации од соседството.

Целта на ДЕМ е да се подигне јавната свест во врска со заштитата на животната средина, одржлив развој и заштита на природата.

Активистите на ДЕМ организираат различни видови на активности како на пример: лобирање, организирање на јавни кампањи, тркалезни маси на конкретни теми во врска со животната средина, разговори со експерти, јавни средби за локалните проблеми, секаков тип на директни акции, протести, објавување на летоци, брошури, постери, билтени, обуки, работилници, предавања во основните и средните училишта и др.

Некои од многуте проекти на ДЕМ:

Кампања за заштита од пожари

Кампања за подигање свест за ГМО во Македонија

За повеќе информации, посетете ја нашата веб страна:
www.dem.org.mk