September 16, 2012

Video link - репортажа за Р. Скала

Ratkova Skala reportage -кникнете за да ја погледнете репортажата за регионот Р Скала

December 23, 2011

Затварање на проектот 20.12.2011

На 20.12. во Белград во Хотел М се одржа последниот настан на проектот "ЕУ политики и стратегии за животната средина". Координаторот на проектот, Вероника Фердинандова од IUCN го отвори настанот со своја презентација за изминатите 2 години и активностите на овој проект, а потоа координаторите од трите партнери земји (Македонија, Србија и Црна Гора) ги презентираа своите студии на случај. Беше претставена и македонската студија (на ДЕМ) која се однесува на  земјоделските практики на регионот Раткова Скала и е изработена од проф. Сузана Кратовалиева.

Студијата за Раткова Скала е објавена на веб стараната на ДЕМ.
Кликни ОВДЕ за студијата.
Репортажата за регионот Раткова Скала може да се гледа на овие линкови:
Линк 1 (прв дел)
Линк 2 (втор дел)

December 12, 2011

СТУДИСКО ПАТУВАЊЕ - БУГАРИЈА

Од 5ти до 10ти Декември 2011-та година се одржа студиското патување низ Бугарија, една од најклучните активности на проектот "ЕУ политики за животната средина", на која беа присутни членови на друштвата на ДЕМ, како и фармери од регионот Р. Скала.

Предавањата започнаа во Софија со Андреј Ковачев од Balkani Wildlife Society кои пренесе бројни искуства и проблеми со кои бугарските невладини се сретнале во процесот на заштите на бројни реони и паркови во државата. Следеше посета на Националните паркови Рила и Пирин со предавања од Александар Дунчев, посета на Кресна Гора и сместување во Био Хотел кој произведува своја органска храна. Следеа бројни посети на фарми, презентација на бугарската агро-еколошка програма во Биоселена, посета на локална винарија и сл. Турата заврши во Софија со предавањето на Вјара Стефанова за примери на Рурален развој во Бугарија.


мапа од изминатиот пат

Повеќе фотографии наскоро!!!

December 04, 2011

Презентација - 3ти Декември 2011


На 3-ти декември 2011год. се одржаа средбите на Проектната управна група и на Мрежата за креирање на политики во рамките на проектот „Промовирање на земјоделството со високи природни вредности и агро-еколошк плаќања преку граѓанските организации во Македонија“.
Целта на овие средби беше презентација на проектот со постигнатите резултати во втората година од неговата реализација, презентација на Предлог мерки за политики кои го поддржуваат ВПВ земјоделието во областите каде се работени студии на случај од д-р Сузана Кратовалиева и активностите кои ќе се реализираат до крајот на проектот. Лидерот на проектот Вјара Стефанова ги презентираше предлог директните плаќања и рурален развој за периодот 2014 до 2020год. во рамките за Заедничките земјоделски политики на ЕУ.
На крајот од средбата присутните дискутираа за предлог мерките за политики кои го поддржуваат ВПВ земјоделието во областите каде се работени студиите на случај со цел истите да се надополнат.
Следни активности кои треба да се реализираат се:



-          Подготовка на Прирачник за Високо природни вредности во Македонија  – со вклучување на сите клучни проектни резултати/заклучоци на македонски и англиски јазик
-          Ќе следат уште по еден состанок на Проектната управна група и Мрежата за креирање на политики
-          Ширење на проектните резултатисо организирање на тркалезни маси, прес конференции, манифестации
-          Комуникациска кампања во организација на ДЕМ и локалните НВО членки, со цел да се промовираат „скриените вредности„ на традиционалното неинтензивно земјоделие, во Македонија.

November 13, 2011

СПАС ЗА ВЕЛЕС

На 9ти Септември се случи најмасовниот протест досега организиран во Велес. Сите со здружени сили излеговме на плоштадот Самармаале да го покажеме својот револт и несогласување за отварањето на Топилницата. ДЕМ со сите свои членки беше присутна на настанот. Доста беше труење, СПАС ЗА ВЕЛЕС!

November 04, 2011

Протест против топилницата во Велес

Велешката топилница во осумдесетите направи еден белег врз жителите на Велес што до ден денес се чувствува. Последиците од труењето од некои тешки метали ги видоа и постарите, но пред се помладите генерации. Топилницата е најголемиот непријател на овој град, дури е наречена и велешкиот Адолф Хитлер. По 8 години неработење, се најавува повторно стартување на оваа фабрика. Да им се придружиме на велешани на 9ти Ноември - денот на ослобудување на Велес за овој град да се ослободи еднаш за секогаш од овој немилосрден убиец! ДЕМ ќе ги поддржи во 17.00 часот на плоштадот Сармаале, поддржете ги и вие: топилницата не смее повторно да проработи!!!

Повеќе за последиците од топилницата во филмот "Велес Kaputt" кој е ставен на Youtube.
ВНИМАНИЕ: експлицитни фотографии и снимки!!! КЛИКНЕТЕ ТУКА ЗА ФИЛМОТ.


ЛИНКОВИ

http://www.plusinfo.mk/vest/21287/Rodi-me-majko-so-srekja-i-chuvaj-me-vo-Veles-za-da-zabolam

October 31, 2011

Е-курс за учење на Заедничката Земјоделска Политика (ЗЗП)


За сите заинтересирани кои сакаат да научат повеќе за Заедничката Земјоделска Политика (ЗЗП или CAP), Groupe Bruges организира бесплатен онлајн курс за историјата на ЗЗП и нејзиниот политички контекст.
Курсот е наменет за студентите на земјоделство, земјоделско стопанство, рурална социологија, агрономија итн. Учесниците можат да се регистрираат почнувајќи од 1ви ноември 2011.


За повеќе информации, видете ја брошурата.