October 31, 2011
Е-курс за учење на Заедничката Земјоделска Политика (ЗЗП)
За сите заинтересирани кои сакаат да научат повеќе за Заедничката Земјоделска Политика (ЗЗП или CAP), Groupe Dе Bruges организира бесплатен онлајн курс за историјата на ЗЗП и нејзиниот политички контекст.
Курсот е наменет за студентите на земјоделство, земјоделско стопанство, рурална социологија, агрономија итн. Учесниците можат да се регистрираат почнувајќи од 1ви ноември 2011.
За повеќе информации, видете ја брошурата.
October 30, 2011
Обука за градење на капацитетите на граѓанските организации за политиките на ЕУ поврзани со природата
Тренингот се одржа од 24ти до 28ми октомври во Ваљево, Србија. Вероника Фердинандова и Борис Ерг од IUCN ги поздравија присутните и дадоа краток вовед во политиките кои се значајни за овој тренинг.
Првиот ден се зборуваше за Еколошките Мрежи, концепт претставен од Лоренс Џонс-Волтерс од ECNC. Еколошките поврзување се дискутираа и на вториот ден заедно со концептот за Зелена Инфраструктура, како и важноста на EIA и SEA. Овие сесии ги држеше Биотоп, а исто така организираше работилница која го симулира процесот на EIA и SEA со учесниците кои дејствува како стејкхолдери. На третиот ден се зборуваше за NATURA2000 - концептот на управување и претставување на пошироката јавност. Следниот ден Марк Редман зборуваше за централна политика на ДЕМ во проектот, Политикта за Рурален Развој и на ЗЗП. Имаше сесија за Земјоделство со Висока Природа Вредност , како и идни политики, промени и нови можности. На петтиот ден беше организирана екскурзија до Ваљевските планини, каде што учесниците идентификуваа видови и живеалишта и го симулираа процесот на назначување на еден сајт како локација од CI или SPA.
ДЕМ беше присутна со учесници од нејзините членки - Еко Мисија и ЕД Злетовица, и учесници кои доаѓаат од други поканети НВО-а како Еко-Скоп, ЦеПроСАРД, Greener, Bivium, и Еко-Свест.
Работилница за HNV земјоделство на Балканот
Натура2000 и Анексите за Птици и хабитати
Теренско патување во Ваљевските планини
Ваљевски планини
October 06, 2011
ПОКАНА ЗА ТРЕНИНГ 24ти-28ми Октомври 2011 пријавете се до 14.10.2011!!!
За сите кои се дел од некоја организација поврзана со животната средина:
Со задоволство ве известуваме дека набрзо ќе се одржи тренинг работилницата која е дел од нашиот проект во соработка со IUCN, "ЕУ политики и стратегии за животната средина во Југоисточна Европа: Градење на капацитети за имплементација за ЕУ политиките и стратегиите за животна средина во Македонија, Црна Гора и Србија". Тој ќе трае од 24ти до 28ми Октомври а ќе се случува во Ваљево, Србија. Темите кои ќе бидат покриени на овој тренинг се концептот на Зелена Инфраструктура, разгледување на влијанието врз средината, НАТУРА2000, како и регулативите за руралниот развој на Европската Унија.
Присуството на здруженијата на граѓани е од особено значење за овој тренинг бидејќи тие ќе бидат преносители на пораката и идните тренери во своите земји.
Затоа доколку сметате дека можете да ги одговорите следните прашања, пријавете се во текот на следната недела (најкасно до петок 14.10.2011) со биографија за вашата огранизација на ekologisti_mk@yahoo.com со мејл насловен ТРЕНИНГ.
1) како е вашата организација инволвирана во имплементација/ развој на политиките на ЕУ поврзани со животната средина?
2) како здобиените знаења од тренингот ќе бидат пренесени назад во организацијата?
Биографијата и информациите на овие две прашања да не бидат подолги од 1-2 страни.
Повеќе информации ќе има наскоро на нашиот блог, а оние кои ќе не исконтактираат ќе добијат официјална покана. Патните трошоци и сместувањето се покриени од страна на организаторот.
За било какви детали или прашања, пишете ни.
July 07, 2011
Мрежа за климатски одговор
На 21-ви, 22-ри и 23-ти Јуни 2011, во просториите на Црвен Крст на Република Македонија се одржа работилницата насловена “Национална работилница за адаптација и одговор кон климатските предизвици – Работилница за развој и донесување на заеднички приоритети и политки". Работилницата е дел од ЕУ ИПА проектот ”Форум на југоисточна Европа за Адаптација кон климатските промени” и беше организирана од страна на Црвен Крст кој на овој проект соработува со Австрискиот Црвен Крст. ДЕМ пристапи кон предложената иницијатива за соработка и стана членка во националната мрежа од граѓански организации "Мрежа за климатски одговор". Мисијата на мрежата вклучува соработка помеѓу членките, подигање на свеста за климатските промени кај пошироката јавност како и промоција и усвојување на стандардите за климатска заштита кај најранливите групи.Повеќе информции:
CCA Forum
Официјалната страна на Црвен Крст
April 13, 2011
Трета работилница во Жабљак, Црна Гора
На 29/30 Март 2011 во Жабљак, Црна Гора се одржа и третата работилница од проектот, којa се однесуваше на Зелената Инфраструктура. Работилницата беше под наслов Интегриран пристап за употреба на земјиште - "Зелената Инфраструктура како дел од ЕУ пост-2010 политиките за биодиверзитет." и траеше два дена од кои вториот беше наменет за посета на Црно Езеро. Организатор и домаќин на работилницата беа Зелените на Црна Гора, кои заедно со IUCN подготвија успешна работилница. Претставници од ДЕМ беа присутни на работилницата.



Повеќе за работилницата ОВДЕ.
СИМНИ Power Point презентации
СИМНИ Power Point презентации
November 26, 2010
Работилница во Пробиштип
На 25ти и 26ти Ноември оваа година се одржа втората работилница од проектот "ЕУ политики и стратегии за животната средина во Југоисточна Европа: Градење на капацитети за имплементација за ЕУ политиките и стратегиите за животна средина во Македонија, Црна Гора и Србија" овојпат во Пробиштип во организација на ДЕМ заедно со IUCN.
Работилницата беше насловена "Градење на капацитети - поддршка на развој и имплементација на агро-еколошки мерки". Учесниците ги поздрави и добредојде г-динот Ранко Давитков од регионалната канцеларија во Пробиштип за Земјоделство, Шумарство и Водостопанство.
Темите кои беа опфатени во текот на првиот ден беа:
-Вовед во регионот Раткова Скала
-Биолошката разновидност на Раткова Скала и потребата за зачувување
-Тековни земјоделски практики
-ИПАРД-спроведување на процесот
-ЕУ-политики за животна средина (Заедничката земјоделска политика - CAP)
-Политички рамки за спроведување на агро-еколошки мерки
-Воведување на можности за имплементација на Бугарија на АЕ шеми
-HNV земјоделство во Македонија
-Поврзување на Хидросистемот со руралното земјоделството во регионот
Блаже Стефановски од хидросистемот "Злетовица"
ја објаснува врската меѓу водите и руралното земјоделие
Рибникот "Злетовица"
На работилницата учествуваа повеќе од 30 учесници: Министерството за животна средина, Агенцијата за поддршка во земјоделството и руралниот развој, Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, Еколошко Друштво Злетовица, Асоцијација на приватните шуми, Земјоделци и сточари од села во регионот, Министерство за Животна средина, сектор Природа, Општина Пробиштип, Хидросистем Злетовица, Државен инспекторат за животна средина, Унија на Земјоделско Машински Кругови во Македонија, Универзитет Кирил и Методиј, Еколошко друштво Молика - Битола, Еколошко друштво Еко Мисија - Скопје, Европскиот форум за заштита на Природата EFNCP, Државен институт за заштита на природата на Србија, Канцеларија на REC - Црна Гора како и нашите партнери Зелените од Црна Гора и Друштвото за заштита и проулување на птици на Војводина.
Настанот беше покриен од локална телевизија и радио станица, а се спомена и во статија во Дневник .
Power point презентации од работилницата:
Биодиверзитет и важноста на конзервацијата на Раткова Скала
Политичка рамка за имплементација на агро-еколошки шеми
Промоција на земјоделие со високи природни вредности (HNV)
IPARD програмата во РМ
Тековни земјоделски пракси во Македонија
Градење капацитети на ЕУ политики за природа
Имплементација на АЕ во Бугарија - предизвици и можности за една нова ЕУ земја членка
Раткова скала на прв поглед - видео материјал:
или ТУКА.
Информации за CAP:
The CAP explained
Questions and Answers about the CAP
Europeans and the CAP
Работилницата беше насловена "Градење на капацитети - поддршка на развој и имплементација на агро-еколошки мерки". Учесниците ги поздрави и добредојде г-динот Ранко Давитков од регионалната канцеларија во Пробиштип за Земјоделство, Шумарство и Водостопанство.
Темите кои беа опфатени во текот на првиот ден беа:
-Вовед во регионот Раткова Скала
-Биолошката разновидност на Раткова Скала и потребата за зачувување
-Тековни земјоделски практики
-ИПАРД-спроведување на процесот
-ЕУ-политики за животна средина (Заедничката земјоделска политика - CAP)
-Политички рамки за спроведување на агро-еколошки мерки
-Воведување на можности за имплементација на Бугарија на АЕ шеми
-HNV земјоделство во Македонија
-Поврзување на Хидросистемот со руралното земјоделството во регионот
Вториот ден имаше патување до Хидросистемот, која покри дел од регионот Раткова Скала кој се користи за земјоделството и сточарството.
Блаже Стефановски од хидросистемот "Злетовица" ја објаснува врската меѓу водите и руралното земјоделие
Рибникот "Злетовица"На работилницата учествуваа повеќе од 30 учесници: Министерството за животна средина, Агенцијата за поддршка во земјоделството и руралниот развој, Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, Еколошко Друштво Злетовица, Асоцијација на приватните шуми, Земјоделци и сточари од села во регионот, Министерство за Животна средина, сектор Природа, Општина Пробиштип, Хидросистем Злетовица, Државен инспекторат за животна средина, Унија на Земјоделско Машински Кругови во Македонија, Универзитет Кирил и Методиј, Еколошко друштво Молика - Битола, Еколошко друштво Еко Мисија - Скопје, Европскиот форум за заштита на Природата EFNCP, Државен институт за заштита на природата на Србија, Канцеларија на REC - Црна Гора како и нашите партнери Зелените од Црна Гора и Друштвото за заштита и проулување на птици на Војводина.
Настанот беше покриен од локална телевизија и радио станица, а се спомена и во статија во Дневник .
Power point презентации од работилницата:
Биодиверзитет и важноста на конзервацијата на Раткова Скала
Политичка рамка за имплементација на агро-еколошки шеми
Промоција на земјоделие со високи природни вредности (HNV)
IPARD програмата во РМ
Тековни земјоделски пракси во Македонија
Градење капацитети на ЕУ политики за природа
Имплементација на АЕ во Бугарија - предизвици и можности за една нова ЕУ земја членка
Раткова скала на прв поглед - видео материјал:
или ТУКА.
Информации за CAP:
The CAP explained
Questions and Answers about the CAP
Europeans and the CAP
November 03, 2010
Работилница во Зрењанин
На 27-28 Октомври во Зрењанин, Србија се одржа првата работилница од проектот "ЕУ политики и стратегии за животна средина во Југоисточна Европа: Градење капацитети за имплементација на ЕУ политики и стратегиите во Македонија, Црна Гора и Србија" организирана од страна на партнерите од Србија, Друштвото за заштита и проучување на птици на Војводина заедно со IUCN.
Работилницата беше насловена "Градење капацитети - подршка на имплементацијата на директивите на ЕУ во областа на животната средина". Работилницата покри многу теми за регионот Потамиш и неговото значење за ЕУ, почнувајки од предавање за моменталната ситуација на природата и нејзината заптита во Србија до еколошкиот статус на регионот, историскиот и социјален развој на регионот, природните вредности, како и ЕУ директиви и НАТУРА 2000. Како дел од работилницата беше огранизирана и работа во групи во која групите дискутираа на две теми- потенцијалните придобивки од прогласување на подрачјето како НАТУРА 2000 подрачје и целите на управување со регионот Потамиш во Војводина.
Вториот ден од работилницата беше теренска екскурзија низ регионот. Учесниците со автобус посетија 8 локации кои ги отсликуваат вредностите и активностите во Потамиш. Беше посетен и рибникот Баранда за кој имаше и предавање.На оваа работилница присуствуваа 4 претставници од ДЕМ како партнер во проектот и огранизатор на следната работилница која ќе се одржи во Македонија.
Повеќе за работилницата ТУКА.
Subscribe to:
Posts (Atom)





