Земјоделството може да биде закана за природата, на пример преку употребата на високо ниво на пестициди и ѓубрива, губење на живеалиштата и нивните карактеристики, несоодветно управување со земјата. Но, одредени видови на земјоделство – на пример: одгледување добиток, традиционални постојани култури – се од суштинско значење за опстанокот на природата. Затоа земјоделство со високи природни вредности (HNV) е земјоделство кое е компатибилно со природата.
Токму на оваа тема од 26-ти до 28-ми март во Хотелот Романтик на Велешкото Езеро се одржа тренинг за претставниците на локалните организации на Движењето. Целта на овој тренинг беше да се обучат локалните организации како и соработниците за аспектите на концептот за високи природни вредности, вклучувајќи ја и политиката за рурален развој од Европската Унија.
Говорниците на овој тренинг беа Тамзин Купер, Марк Редман и Кејли Харт.
Проектот се спроведува заеднички од страна на Движењето на екологистите на Македонија - ДЕМ и Центарот за граѓанска иницијатива (ЦГИ), во соработка и со поддршка на две меѓународни невладини организации – Авалон од Холандија и Институтот за европска политика за животната средина (IEEP) од Велика Британија.
Ова е проект за зачувување на природата.....но со разлика!
No comments:
Post a Comment