
На 27-28 Октомври во Зрењанин, Србија се одржа првата работилница од проектот
"ЕУ политики и стратегии за животна средина во Југоисточна Европа: Градење капацитети за имплементација на ЕУ политики и стратегиите во Македонија, Црна Гора и Србија" организирана од страна на партнерите од Србија,
Друштвото за заштита и проучување на птици на Војводина заедно со
IUCN.
Работилницата беше насловена
"Градење капацитети - подршка на имплементацијата на директивите на ЕУ во областа на животната средина". Работилницата покри многу теми за регионот Потамиш и неговото значење за ЕУ, почнувајки од предавање за моменталната ситуација на природата и нејзината заптита во Србија до еколошкиот статус на регионот, историскиот и социјален развој на регионот, природните вредности, како и ЕУ директиви и
НАТУРА 2000. Како дел од работилницата беше огранизирана и работа во групи во која групите дискутираа на две теми- потенцијалните придобивки од прогласување на подрачјето како НАТУРА 2000 подрачје и целите на управување со регионот Потамиш во Војводина.

Вториот ден од работилницата беше
теренска екскурзија низ регионот. Учесниците со автобус посетија 8 локации кои ги отсликуваат вредностите и активностите во Потамиш. Беше посетен и рибникот Баранда за кој имаше и предавање.
На оваа работилница присуствуваа
4 претставници од ДЕМ како партнер во проектот и огранизатор на следната работилница која ќе се одржи во Македонија.
Повеќе за работилницата
ТУКА.
No comments:
Post a Comment