November 26, 2010

Работилница во Пробиштип

На 25ти и 26ти Ноември оваа година се одржа втората работилница од проектот "ЕУ политики и стратегии за животната средина во Југоисточна Европа: Градење на капацитети за имплементација за ЕУ политиките и стратегиите за животна средина во Македонија, Црна Гора и Србија" овојпат во Пробиштип во организација на ДЕМ заедно со IUCN.

Работилницата беше насловена "Градење на капацитети - поддршка на развој и имплементација на агро-еколошки мерки". Учесниците ги поздрави и добредојде г-динот Ранко Давитков од регионалната канцеларија во Пробиштип за Земјоделство, Шумарство и Водостопанство.

Вероника Фердинандова од IUCN
говори за ЕУ политиките за средината

Темите кои беа опфатени во текот на првиот ден беа:
-Вовед во регионот Раткова Скала
-Биолошката разновидност на Раткова Скала
и потребата за зачувување
-Тековни земјоделски практики
-ИПАРД-спроведување на процесот
-ЕУ-политики за животна средина (Заедничката земјоделска политика - CAP)
-Политички рамки за спроведување на агро-еколошки мерки
-Воведување на можности за имплементација
на Бугарија на АЕ шеми
-HNV земјоделство во Македонија

-Поврзување на Хидросистемот со руралното земјоделството во регионот

Руска Мицева од ДЕМ зборува за
Земјоделство со Високи Природни Вредности

Вториот ден имаше патување до Хидросистемот, која покри дел од регионот Раткова Скала кој се користи за земјоделството и сточарството.

Блаже Стефановски од хидросистемот "Злетовица"
ја објаснува врската меѓу водите и руралното земјоделие

Рибникот "Злетовица"

На работилницата учествуваа повеќе од 30 учесници: Министерството за животна средина, Агенцијата за поддршка во земјоделството и руралниот развој, Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, Еколошко Друштво Злетовица, Асоцијација на приватните шуми, Земјоделци и сточари од села во регионот, Министерство за Животна средина, сектор Природа, Општина Пробиштип, Хидросистем Злетовица, Државен инспекторат за животна средина, Унија на Земјоделско Машински Кругови во Македонија, Универзитет Кирил и Методиј, Еколошко друштво Молика - Битола, Еколошко друштво Еко Мисија - Скопје, Европскиот форум за заштита на Природата EFNCP, Државен институт за заштита на природата на Србија, Канцеларија на REC - Црна Гора како и нашите партнери Зелените од Црна Гора и Друштвото за заштита и проулување на птици на Војводина.


Настанот беше покриен од локална телевизија и радио станица, а се спомена и во статија во Дневник .


Power point презентации од работилницата:
Биодиверзитет и важноста на конзервацијата на Раткова Скала
Политичка рамка за имплементација на агро-еколошки шеми
Промоција на земјоделие со високи природни вредности (HNV)
IPARD програмата во РМ
Тековни земјоделски пракси во Македонија
Градење капацитети на ЕУ политики за природа
Имплементација на АЕ во Бугарија - предизвици и можности за една нова ЕУ земја членка

Раткова скала на прв поглед - видео материјал:

video

или ТУКА.

Информации за CAP:

The CAP explained
Questions and Answers about the CAP
Europeans and the CAP

November 03, 2010

Работилница во Зрењанин

На 27-28 Октомври во Зрењанин, Србија се одржа првата работилница од проектот "ЕУ политики и стратегии за животна средина во Југоисточна Европа: Градење капацитети за имплементација на ЕУ политики и стратегиите во Македонија, Црна Гора и Србија" организирана од страна на партнерите од Србија, Друштвото за заштита и проучување на птици на Војводина заедно со IUCN.

Работилницата беше насловена "Градење капацитети - подршка на имплементацијата на директивите на ЕУ во областа на животната средина". Работилницата покри многу теми за регионот Потамиш и неговото значење за ЕУ, почнувајки од предавање за моменталната ситуација на природата и нејзината заптита во Србија до еколошкиот статус на регионот, историскиот и социјален развој на регионот, природните вредности, како и ЕУ директиви и НАТУРА 2000. Како дел од работилницата беше огранизирана и работа во групи во која групите дискутираа на две теми- потенцијалните придобивки од прогласување на подрачјето како НАТУРА 2000 подрачје и целите на управување со регионот Потамиш во Војводина.

Вториот ден од работилницата беше теренска екскурзија низ регионот. Учесниците со автобус посетија 8 локации кои ги отсликуваат вредностите и активностите во Потамиш. Беше посетен и рибникот Баранда за кој имаше и предавање.

На оваа работилница присуствуваа 4 претставници од ДЕМ како партнер во проектот и огранизатор на следната работилница која ќе се одржи во Македонија.

Повеќе за работилницата ТУКА.

July 12, 2010

Аларм за Природата

Изминатиот месец ДЕМ се приклучи на Еко саемот во Љубаништа кој се случуваше во склоп на фестивалот АЛАРМ во организација на НВО Бивиум кој траеше од 25ти до 27ми Јуни 2010.

На еко програмата која содржеше активности од типот на еко фото работилница, школа за цртање стрипови, изработка на машина за рециклирање, сончева печка, и слично ДЕМ се претстави со работилница за ЕКО филм и изработка на еко инструменти.

Бевме пријатно изненадени од големата заинтересираност на луѓето да седнат и да изработуваат инструменти со нас. Покрај работилницата, ДЕМ на својот штанд нудеше бројни постери и брошури за организацијата и нејзините членки како и CD-а од предходни активности.

Нашиот штанд

Нашата работилница за еко инструменти

Изложба на некои од инструментите кои ги изработивме: на крај имавме два пара тропалки од песок и пластични капачиња, две тропалки со метални капачиња кои симулираат звук на дајре, кастањети како и разни други тропалки.

За повеќе информации за еко акцијата Аларм за Природата ОВДЕ.

April 30, 2010

Ден на Планетата Земја


Првиот Ден на планетата Земја се одржа на 22-ри април, 1970 година. Идејата за името на овој еколошки празник дошол од едноставниот факт дека Earth Day се римува со Birthday. Уште од 1970 година, Денот на планетата Земја стана се повеќе популарен и значаен во светот.

Во чест на роденденот на Земјата, на 22 април, ние имавме интересна активност во градинката "Кочо Рацин": шарено предавање за заштита на природата и рециклирање.

Конференција во Хотел Континентал на 30ти Март

На 30-ти Март 2010 година во Хотел Континентал се одржа воведен состанок за проектот на кој присуствуваа претставници од различни државни институции (МЖСПП, МЗШВ), институти, факултети, претставници на граѓански организации, агенции и други.
Работилницата ја отвори и присутните ги поздрави г-ѓа Лидија Зафировска, државен секретар во МЖСПП, модератор – Мартиен Ланкестер, извршен директор на АВАЛОН, а презентери беа: Марк Редман, проектен лидер, Тамсин Купер, консултант од Институтот за европска политика за животната средина и Робертина Брајаноска од МЕД.
Бидејки конференцијата се одржа на истиот датум со Денот на Дрвото, некои од нас по завршувањето отидоа да посадат дрво.

Повеќе слики...

Тренинг во Велес на тема: Промовирање на земјоделство со високи природни вредности и агро-еколошки плаќања преку граѓанските организации во Македонија

Земјоделството може да биде закана за природата, на пример преку употребата на високо ниво на пестициди и ѓубрива, губење на живеалиштата и нивните карактеристики, несоодветно управување со земјата. Но, одредени видови на земјоделство – на пример: одгледување добиток, традиционални постојани култури – се од суштинско значење за опстанокот на природата. Затоа земјоделство со високи природни вредности (HNV) е земјоделство кое е компатибилно со природата.

Токму на оваа тема од 26-ти до 28-ми март во Хотелот Романтик на Велешкото Езеро се одржа тренинг за претставниците на локалните организации на Движењето. Целта на овој тренинг беше да се обучат локалните организации како и соработниците за аспектите на концептот за високи природни вредности, вклучувајќи ја и политиката за рурален развој од Европската Унија.

Говорниците на овој тренинг беа Тамзин Купер, Марк Редман и Кејли Харт.

Тамзин Купер го претставува HNV Концептот

Марк Редман предава за земјоделството со Високи Природни Вредности во Романија


Презентацијата на Кејли Харт за агро-еколошките плаќања



Проектот се спроведува заеднички од страна на Движењето на екологистите на Македонија - ДЕМ и Центарот за граѓанска иницијатива (ЦГИ), во соработка и со поддршка на две меѓународни невладини организации – Авалон од Холандија и Институтот за европска политика за животната средина (IEEP) од Велика Британија.

Ова е проект за зачувување на природата.....но со разлика!

April 26, 2010

За ДЕМ

Движењето на Екологистите на Македонија - ДЕМ е невладино, непрофитабилно и аполитично здружение. Тоа е национално здружение кое вклучува 23 локални еколошки невладини организации како редовни членови.

ДЕМ е основана во 1990 година како неопходност да ја координира работата на постоечките локални групи. ДЕМ е членка на Пријателите на Планетата Земја (FoEI), CEEWEB, YEE, и CPM. Исто така, ДЕМ има добра соработка и комуникација со невладините организации од соседството.

Целта на ДЕМ е да се подигне јавната свест во врска со заштитата на животната средина, одржлив развој и заштита на природата.

Активистите на ДЕМ организираат различни видови на активности како на пример: лобирање, организирање на јавни кампањи, тркалезни маси на конкретни теми во врска со животната средина, разговори со експерти, јавни средби за локалните проблеми, секаков тип на директни акции, протести, објавување на летоци, брошури, постери, билтени, обуки, работилници, предавања во основните и средните училишта и др.

Некои од многуте проекти на ДЕМ:

Кампања за заштита од пожари

Кампања за подигање свест за ГМО во Македонија

За повеќе информации, посетете ја нашата веб страна:
www.dem.org.mk