December 23, 2011

Затварање на проектот 20.12.2011

На 20.12. во Белград во Хотел М се одржа последниот настан на проектот "ЕУ политики и стратегии за животната средина". Координаторот на проектот, Вероника Фердинандова од IUCN го отвори настанот со своја презентација за изминатите 2 години и активностите на овој проект, а потоа координаторите од трите партнери земји (Македонија, Србија и Црна Гора) ги презентираа своите студии на случај. Беше претставена и македонската студија (на ДЕМ) која се однесува на  земјоделските практики на регионот Раткова Скала и е изработена од проф. Сузана Кратовалиева.

Студијата за Раткова Скала е објавена на веб стараната на ДЕМ.
Кликни ОВДЕ за студијата.
Репортажата за регионот Раткова Скала може да се гледа на овие линкови:
Линк 1 (прв дел)
Линк 2 (втор дел)

December 12, 2011

СТУДИСКО ПАТУВАЊЕ - БУГАРИЈА

Од 5ти до 10ти Декември 2011-та година се одржа студиското патување низ Бугарија, една од најклучните активности на проектот "ЕУ политики за животната средина", на која беа присутни членови на друштвата на ДЕМ, како и фармери од регионот Р. Скала.

Предавањата започнаа во Софија со Андреј Ковачев од Balkani Wildlife Society кои пренесе бројни искуства и проблеми со кои бугарските невладини се сретнале во процесот на заштите на бројни реони и паркови во државата. Следеше посета на Националните паркови Рила и Пирин со предавања од Александар Дунчев, посета на Кресна Гора и сместување во Био Хотел кој произведува своја органска храна. Следеа бројни посети на фарми, презентација на бугарската агро-еколошка програма во Биоселена, посета на локална винарија и сл. Турата заврши во Софија со предавањето на Вјара Стефанова за примери на Рурален развој во Бугарија.


мапа од изминатиот пат

Повеќе фотографии наскоро!!!

December 04, 2011

Презентација - 3ти Декември 2011


На 3-ти декември 2011год. се одржаа средбите на Проектната управна група и на Мрежата за креирање на политики во рамките на проектот „Промовирање на земјоделството со високи природни вредности и агро-еколошк плаќања преку граѓанските организации во Македонија“.
Целта на овие средби беше презентација на проектот со постигнатите резултати во втората година од неговата реализација, презентација на Предлог мерки за политики кои го поддржуваат ВПВ земјоделието во областите каде се работени студии на случај од д-р Сузана Кратовалиева и активностите кои ќе се реализираат до крајот на проектот. Лидерот на проектот Вјара Стефанова ги презентираше предлог директните плаќања и рурален развој за периодот 2014 до 2020год. во рамките за Заедничките земјоделски политики на ЕУ.
На крајот од средбата присутните дискутираа за предлог мерките за политики кои го поддржуваат ВПВ земјоделието во областите каде се работени студиите на случај со цел истите да се надополнат.
Следни активности кои треба да се реализираат се:



-          Подготовка на Прирачник за Високо природни вредности во Македонија  – со вклучување на сите клучни проектни резултати/заклучоци на македонски и англиски јазик
-          Ќе следат уште по еден состанок на Проектната управна група и Мрежата за креирање на политики
-          Ширење на проектните резултатисо организирање на тркалезни маси, прес конференции, манифестации
-          Комуникациска кампања во организација на ДЕМ и локалните НВО членки, со цел да се промовираат „скриените вредности„ на традиционалното неинтензивно земјоделие, во Македонија.

November 13, 2011

СПАС ЗА ВЕЛЕС

На 9ти Септември се случи најмасовниот протест досега организиран во Велес. Сите со здружени сили излеговме на плоштадот Самармаале да го покажеме својот револт и несогласување за отварањето на Топилницата. ДЕМ со сите свои членки беше присутна на настанот. Доста беше труење, СПАС ЗА ВЕЛЕС!

November 04, 2011

Протест против топилницата во Велес

Велешката топилница во осумдесетите направи еден белег врз жителите на Велес што до ден денес се чувствува. Последиците од труењето од некои тешки метали ги видоа и постарите, но пред се помладите генерации. Топилницата е најголемиот непријател на овој град, дури е наречена и велешкиот Адолф Хитлер. По 8 години неработење, се најавува повторно стартување на оваа фабрика. Да им се придружиме на велешани на 9ти Ноември - денот на ослобудување на Велес за овој град да се ослободи еднаш за секогаш од овој немилосрден убиец! ДЕМ ќе ги поддржи во 17.00 часот на плоштадот Сармаале, поддржете ги и вие: топилницата не смее повторно да проработи!!!

Повеќе за последиците од топилницата во филмот "Велес Kaputt" кој е ставен на Youtube.
ВНИМАНИЕ: експлицитни фотографии и снимки!!! КЛИКНЕТЕ ТУКА ЗА ФИЛМОТ.


ЛИНКОВИ

http://www.plusinfo.mk/vest/21287/Rodi-me-majko-so-srekja-i-chuvaj-me-vo-Veles-za-da-zabolam

October 31, 2011

Е-курс за учење на Заедничката Земјоделска Политика (ЗЗП)


За сите заинтересирани кои сакаат да научат повеќе за Заедничката Земјоделска Политика (ЗЗП или CAP), Groupe Bruges организира бесплатен онлајн курс за историјата на ЗЗП и нејзиниот политички контекст.
Курсот е наменет за студентите на земјоделство, земјоделско стопанство, рурална социологија, агрономија итн. Учесниците можат да се регистрираат почнувајќи од 1ви ноември 2011.


За повеќе информации, видете ја брошурата.

October 30, 2011

Обука за градење на капацитетите на граѓанските организации за политиките на ЕУ поврзани со природата


Тренингот се одржа од 24ти до 28ми октомври во Ваљево, Србија. Вероника Фердинандова и Борис Ерг од IUCN ги поздравија присутните и дадоа краток вовед во политиките кои се значајни за овој тренинг.

Првиот ден се зборуваше за Еколошките Мрежи, концепт претставен од Лоренс Џонс-Волтерс од ECNC. Еколошките поврзување се дискутираа и на вториот ден заедно со концептот за Зелена Инфраструктура, како и важноста на EIA и SEA. Овие сесии ги држеше Биотоп, а исто така организираше работилница која го симулира процесот на
EIA и SEA со учесниците кои дејствува како стејкхолдери. На третиот ден се зборуваше за NATURA2000 - концептот на управување и претставување на пошироката јавност. Следниот ден Марк Редман зборуваше за централна политика на ДЕМ во проектот, Политикта за Рурален Развој и на ЗЗП. Имаше сесија за Земјоделство со Висока Природа Вредност , како и идни политики, промени и нови можности. На петтиот ден беше организирана екскурзија до Ваљевските планини, каде што учесниците идентификуваа видови и живеалишта и го симулираа процесот на назначување на еден сајт како локација од CI или SPA.

ДЕМ беше присутна со учесници од нејзините членки - Еко Мисија и ЕД Злетовица, и учесници кои доаѓаат од други поканети НВО-а како Еко-Скоп, ЦеПроСАРД, Greener, Bivium, и Еко-Свест.


                                           Работилница за HNV земјоделство на Балканот
                                              Натура2000 и Анексите за Птици и хабитати
                                             Теренско патување во Ваљевските планини
Ваљевски планини

October 06, 2011

ПОКАНА ЗА ТРЕНИНГ 24ти-28ми Октомври 2011 пријавете се до 14.10.2011!!!


За сите кои се дел од некоја организација поврзана со животната средина:

Со задоволство ве известуваме дека набрзо ќе се одржи тренинг работилницата која е дел од нашиот проект во соработка со IUCN, "ЕУ политики и стратегии за животната средина во Југоисточна Европа: Градење на капацитети за имплементација за ЕУ политиките и стратегиите за животна средина во Македонија, Црна Гора и Србија". Тој ќе трае од 24ти до 28ми Октомври а ќе се случува во Ваљево, Србија. Темите кои ќе бидат покриени на овој тренинг се концептот на Зелена Инфраструктура, разгледување на влијанието врз средината, НАТУРА2000, како и регулативите за руралниот развој на Европската Унија. 

Присуството на здруженијата на граѓани е од особено значење за овој тренинг бидејќи тие ќе бидат преносители на пораката и идните тренери во своите земји. 

Затоа доколку сметате дека можете да ги одговорите следните прашања, пријавете се во текот на следната недела (најкасно до петок 14.10.2011) со биографија за вашата огранизација на  ekologisti_mk@yahoo.com со мејл насловен ТРЕНИНГ.
 
1) како е вашата организација инволвирана во имплементација/ развој на политиките на ЕУ поврзани со животната средина?
2) како здобиените знаења од тренингот ќе бидат пренесени назад во организацијата?
 
Биографијата и информациите на овие две прашања да не бидат подолги од 1-2 страни. 
Повеќе информации ќе има наскоро на нашиот блог, а оние кои ќе не исконтактираат ќе добијат официјална покана. Патните трошоци и сместувањето се покриени од страна на организаторот.

За било какви детали или прашања, пишете ни.
 

July 07, 2011

Мрежа за климатски одговор

На 21-ви, 22-ри и 23-ти Јуни 2011, во просториите на Црвен Крст на Република Македонија се одржа работилницата насловена “Национална работилница за адаптација и одговор кон климатските предизвици – Работилница за развој и донесување на заеднички приоритети и политки". Работилницата е дел од ЕУ ИПА проектот ”Форум на југоисточна Европа за Адаптација кон климатските промени” и беше организирана од страна на Црвен Крст кој на овој проект соработува со Австрискиот Црвен Крст. ДЕМ пристапи кон предложената иницијатива за соработка и стана членка во националната мрежа од граѓански организации "Мрежа за климатски одговор". Мисијата на мрежата вклучува соработка помеѓу членките, подигање на свеста за климатските промени кај пошироката јавност како и промоција и усвојување на стандардите за климатска заштита кај најранливите групи.

Повеќе информции:
CCA Forum
Официјалната страна на Црвен Крст

April 13, 2011

Трета работилница во Жабљак, Црна Гора

На 29/30 Март 2011 во Жабљак, Црна Гора се одржа и третата работилница од проектот, којa се однесуваше на Зелената Инфраструктура. Работилницата беше под наслов Интегриран пристап за употреба на земјиште - "Зелената Инфраструктура како дел од ЕУ пост-2010 политиките за биодиверзитет." и траеше два дена од кои вториот беше наменет за посета на Црно Езеро. Организатор и домаќин на работилницата беа Зелените на Црна Гора, кои заедно со IUCN подготвија успешна работилница. Претставници од ДЕМ беа присутни на работилницата.


Повеќе за работилницата ОВДЕ.
СИМНИ Power Point презентации