October 06, 2011

ПОКАНА ЗА ТРЕНИНГ 24ти-28ми Октомври 2011 пријавете се до 14.10.2011!!!


За сите кои се дел од некоја организација поврзана со животната средина:

Со задоволство ве известуваме дека набрзо ќе се одржи тренинг работилницата која е дел од нашиот проект во соработка со IUCN, "ЕУ политики и стратегии за животната средина во Југоисточна Европа: Градење на капацитети за имплементација за ЕУ политиките и стратегиите за животна средина во Македонија, Црна Гора и Србија". Тој ќе трае од 24ти до 28ми Октомври а ќе се случува во Ваљево, Србија. Темите кои ќе бидат покриени на овој тренинг се концептот на Зелена Инфраструктура, разгледување на влијанието врз средината, НАТУРА2000, како и регулативите за руралниот развој на Европската Унија. 

Присуството на здруженијата на граѓани е од особено значење за овој тренинг бидејќи тие ќе бидат преносители на пораката и идните тренери во своите земји. 

Затоа доколку сметате дека можете да ги одговорите следните прашања, пријавете се во текот на следната недела (најкасно до петок 14.10.2011) со биографија за вашата огранизација на  ekologisti_mk@yahoo.com со мејл насловен ТРЕНИНГ.
 
1) како е вашата организација инволвирана во имплементација/ развој на политиките на ЕУ поврзани со животната средина?
2) како здобиените знаења од тренингот ќе бидат пренесени назад во организацијата?
 
Биографијата и информациите на овие две прашања да не бидат подолги од 1-2 страни. 
Повеќе информации ќе има наскоро на нашиот блог, а оние кои ќе не исконтактираат ќе добијат официјална покана. Патните трошоци и сместувањето се покриени од страна на организаторот.

За било какви детали или прашања, пишете ни.
 

No comments:

Post a Comment