На 3-ти декември 2011год. се одржаа средбите на Проектната управна група и на Мрежата за креирање на политики во рамките на проектот „Промовирање на земјоделството со високи природни вредности и агро-еколошк плаќања преку граѓанските организации во Македонија“.
На крајот од средбата присутните дискутираа за предлог мерките за политики кои го поддржуваат ВПВ земјоделието во областите каде се работени студиите на случај со цел истите да се надополнат.
Следни активности кои треба да се реализираат се:
- Подготовка на Прирачник за Високо природни вредности во Македонија – со вклучување на сите клучни проектни резултати/заклучоци на македонски и англиски јазик
- Подготовка на Прирачник за Високо природни вредности во Македонија – со вклучување на сите клучни проектни резултати/заклучоци на македонски и англиски јазик
- Ќе следат уште по еден состанок на Проектната управна група и Мрежата за креирање на политики
- Ширење на проектните резултати – со организирање на тркалезни маси, прес конференции, манифестации
- Комуникациска кампања во организација на ДЕМ и локалните НВО членки, со цел да се промовираат „скриените вредности„ на традиционалното неинтензивно земјоделие, во Македонија.
No comments:
Post a Comment